Хејли Бибер проговори за своето искуство по породувањето, откривајќи пореметување со кое се соочила и начинот на кој се справила со него.

Манекенката и претприемачка Хејли Бибер има син, Џек, со пејачот Џастин Бибер. Иако во последните месеци парот се соочуваше со бројни гласини за брачни проблеми, се чини дека успеаја да ги надминат тие предизвици.

Иако Хејли ретко зборува за својот приватен живот, таа сега сподели дел од своите искуства поврзани со мајчинството.

Дваесет и деветгодишната основачка на брендот Rhode откри дека, по раѓањето на нејзиниот син Џек, се соочила со предменструално дисфорично пореметување (PMDD)– состојба што предизвикала емоционални симптоми многу поинтензивни од сè што доживеала претходно.

Во интервју за „Wome ’s Wea Daily“, објавено на 30 октомври, Бибер зборуваше за тоа како мајчинството го продлабочило нејзиниот интерес за здравјето на жените – особено за физичките и емоционалните промени низ кои поминуваат жените за време на бременоста и во периодот по породувањето.

„Особено откако го добив детето. За мене тоа беше навистина интензивно и уникатно искуство. Многу работи се случуваат за време на бременоста, за време на самото породување, па дури и во периодот што му претходи на доаѓањето на бебето“, рече таа.

За Хејли, овие промени не завршија со раѓањето на нејзиниот син. Таа откри дека по породувањето се борела со PMDD, истакнувајќи дека многу здравствени проблеми што ги засегаат жените се недоволно дискутирани и недоволно истражени. „Откако го добив синот, и самата имав потешкотии со ова – едноставно не се зборува доволно за тоа, а и нема многу истражувања на таа тема“, продолжи манекенката.

Хејли додаде дека отворените разговори за ваквите искуства можат да им помогнат на жените да се чувствуваат помалку осамени, особено кога поминуваат низ нешто што ни самите целосно не го разбираат.

„Лично, зборувањето за тоа ми помага да се чувствувам помалку осамена. Кога можеме да се препознаеме една во друга, да разговараме за слични искуства и отворено да зборуваме за работите со кои се соочуваме – работите што ни создаваат проблеми – мислам дека целото тоа патување станува малку помалку осамено“, рече Хејли.