Крис Џенер се појави на црвениот тепих во Рим, носејќи модно парче од архивата – наметка што иконската Елизабет Тејлор ја носела пред речиси половина век.
Крис Џенер, која во последните месеци се соочи со критики поради својот нов изглед и „најскапото лице“, на социјалните мрежи покажа посебно модно парче што некогаш ѝ припаѓало на легендарната актерка Елизабет Тејлор.
Станува збор за раскошна наметка со мотив на шкорпија, која Тејлор ја носела во 1969 година на прославата на 40-тиот роденден на принцезата Грејс од Монако.
Џенер откри дека наметката сега е дел од нејзината приватна колекција и дека одлучила да ја облече на црвениот тепих во Рим, каде што се појави заедно со својата ќерка, Ким Кардашијан.
Наметката е креација на модната куќа Tizia i Roma, а Елизабет Тејлор ја носела на забава наречена Sco pio Ball, одржана во 1969 година во Монте Карло. Прославата била позната по едно необично правило за гостите: покани добиле само оние родени во хороскопскиот знак Шкорпија, како и оние што биле во брак со некој роден во тој знак.
Тејлор пристигнала на забавата со својот сопруг, Ричард Бартон, кој бил роден во знакот Шкорпија.
Наметката е изработена од црно кадифе, има капуљача и е украсена со две светкави шкорпии. За појавувањето во Рим, Џенер ја искомбинирала со бел фустан, долги ракавици и дијамантски накит.
Таа исто така откри зошто наметката има посебно значење за неа. „Излезе дека и јас сум Шкорпија и се чувствувам многу среќна што го имам ова прекрасно парче од архивата на Елизабет Тејлор во мојата колекција“, изјави таа.

















