Руската федерална медицинска и биолошка агенција (ФМБА) се надева дека ќе го регистрира лекот против коронавирус Мир-19 во 2021 година, изјави денеска директорот на ФМБА, Раким Хаитов.

Ефикасноста ќе ја видиме во втората фаза. Тешко е во овој момент да се каже кога сè ќе заврши. Ќе сториме се што е во наша моќ да ја завршиме втората фаза што е можно побрзо, постојат сите услови за такво нешто Во претклинички тестови, лекот покажа висока ефикасност. Ќе го регистрираме подоцна и сакаме да веруваме дека тоа ќе се случи оваа година, што е можно поскоро, рече Хаитов за „Раша тудеј“, пренесе ТАСС.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.