Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Игор Николов во денешното гостување во Дневникот на Сител изјави дека доколку би бил на местото на Венко Филипче би си поднел оставка.

„Да сум на местото на министерот за здравство би поднел оставка, заради тоа што ги остави здравствените работници на цедило, заради тоа што ги остави пациентите на цедило, заради тоа што имаме еден несериозен пристап на набавка, обезбедување на медикаменти и на средства за борба со епидемијата и заради тоа што сме сведоци дека спроведува некои политики коишто не даваат резултати и не се политики на еден здравствен работник“, изјави д-р Николов во своето гостување во Тема на денот.