Радио-телевизија Србија (РТС) разреши осум уредници во своите редакции и во централната емисија „Дневник 2“, а новиот уредувачки тим јавно им се извини на гледачите за досегашниот начин на известување. Одлуката за разрешувањата ја донел вршителот на должноста главен уредник на Информативната програма, Боривоје Ускоковиќ, пренесува Nova. s.
Одлуката беше соопштена во вчерашното вечерно издание на „Дневник 2“, чие емитување доцнеше поради дојави за поставени бомби. Полицијата подоцна утврди дека дојавата била лажна. За време на емисијата беше прочитана порака од новиот уредувачки колегиум, во која се најавуваат промени во програмата на РТС.
Исто така, сменети се и уредниците на централниот „Дневник 2“, кој се емитува во 19:30 часот. Станува збор за Милица Недиќ, Душан Убовиќ и Ружа Јеремиќ Турудиќ, кои досега беа задолжени за уредување на една од најважните информативни емисии на српскиот јавен сервис.
Уредувачките позиции ги преземаат: Радивој Маројевиќ (дописничка мрежа), Милан Срдиќ (регионална редакција), Вања Ратковиќ (редакција на емисијата „Око“) и Драгана Игњиќ. Со програмата наменета за дијаспората ќе раководи Бобан Ковачевиќ.
Izvi je jce https://t.co/j7OHCK 9i
— Željko Veljković (@ ovi a upe ziji) Octobe 29, 2026
„Сакаме да ја вратиме вашата доверба“, изјави новиот уредувачки тим на Секторот за информативна и актуелно-политичка програма на РТС.



















