Во 2026 година, а заклучно со 27.10.2026 година, во Македонија се регистрирани вкупно 72 случаи на Западно-нилска треска, известува Институтот за јавно здравје.

• Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 67 се водат како потврдени, а пет како веројатни.

• Според место на живеење на заболените, 64 случаи се од Скопје (48 од град Скопје и 16 од општини во околина на град Скопје), три случаи од Велес (2 од Велес и еден од Чашка), два случаи од Кавадарци (еден Кавадарци, еден Росоман) и по еден случај е од Куманово, Свети Николе и Тетово.

• Регистрирани е 71 автохтон случај и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.

• Од регистрираните случаи, 53 или 73,6% се машки, а 19 или 26,4% се женски.

• Во однос на возраснаа дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 59 (81,9%), седум се лица на возраст од 50-59, две лица на возраст од 40-49, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години. Просечната возраст изнесува 66,5 години (SD ± 13,0 години; mi 25, max 85).

• Почетокот на симптомите кај најголем дел од заболените – 39 или 54,2%, е регистриран во месец август. Со почеток на симптоми во септември се регистрирани 12 случаи (16,7%). Кај 17 случаи (23,6%) почетокот на симптомите е во месец јули, два во месец јуни, а кај еден случај во месец мај и октомври.

• Сите заболени со невроинвазивна болест (70) биле хоспитализирани, 68 во УК за инфективни болести и фебрилни состојби и по еден во Аџибадем Систина и Клиника Жан Митрев.

o Испишани – 57 или 81,4% од хоспитализираните потврдени случаи;o Сè уште на лекување – 1 (1,4%) од хоспитализираните потврдени случаи;o Починати – 12 од хоспитализираните потврдени случаи;o Просечно траење на лекување (испишани/починати лица) – 15 дена.

• Во текот на 2026 година, до 27.10.2026 година, регистрирани се 12 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест на ЗНТ со леталитет од 16,7% од регистрираните потврдени случаи.

o Единаесет починати лица се од машки, едно лице од женски пол;o Возрасна дистрибуција – просечната возраст изнесува 71,3 години (SD ± 6,5 години; mi 61, max 83);o Починатите лица се од Скопје (10), Росоман (1) и Куманово (1);o Сите починати лица биле хоспитализирани;o Кај единаесет починати лица се регистрирани коморбидитети.o Дијагнозата е потврдена со серолошко испитување на ликвор.

• На 11.08.2026, ЦЈЗ Скопје пријави епидемија на Западно-нилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел.

Во текот на изминатата недела (21-27.10.2026), пријавено е едно ретроградно пријавено испишано лице. Не се регистрирани новопријавени случаи на ЗНТ, се наведува во извештајот на ИЈЗ.