Соединетите Американски Држави воведоа нов пакет санкции против Северна Кореја, насочени кон десет физички лица и една компанија, соопшти американското Министерство за финансии, пренесува Ројтерс.
На листата на санкционирани е компанијата Fi st Fi a cial a d Tech ical Developme t Ce te , со која се поврзани шест лица од списокот, меѓу кои и двајца руски државјани. Останатите санкционирани лица се државјани на Северна Кореја.
Новите санкции доаѓаат во период кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ги обнови преговорите со Пјонгјанг, но Северна Кореја не покажува интерес за разговори за ограничување на својата нуклеарна програма.
Трамп претходно овој месец ја намали важноста на можноста за нова средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, која требаше да се одржи следниот месец во Кина.
Американскиот претседател се сретна со Ким во 2018 и 2019 година, но преговорите не донесоа договор, бидејќи Вашингтон инсистираше Северна Кореја целосно да се откаже од нуклеарното оружје.
Иако Трамп во неколку наврати ја нарече Северна Кореја „нуклеарна сила“, неговата администрација и понатаму инсистира на денуклеаризација и официјално не го признава Пјонгјанг како држава со нуклеарно вооружување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
















