Во Музејот на современата уметност во Скопје, на 1 ноември, ќе се одржи настанот „Мода без граници: Подалеку од изгледот“, во рамките на второто издание на SIEC Fashio Hub – U-Desig .
Настанот е дел од четиригодишната соработка на SIEC Macedo ia со Модниот викенд и има цел да поттикне дискусија за стандардите за убавина, самодовербата, различностите и влијанието на социјалните мрежи врз начинот на кој го доживуваме сопствениот изглед.
Годинашното издание ќе ги преиспита стереотипите поврзани со возраста, телесната тежина, облекувањето и општествените очекувања за физичкиот изглед. Посебно внимание ќе биде посветено на улогата на инфлуенсерите и модната индустрија во обликувањето на претставите за убавина и привлечност.
Првиот дел од настанот, насловен „Мода без граници: Стереотипи и социјални мрежи“ ќе почне во 14 часот, со јавна дискусија што ќе ја модерира Билјана Дуковска, а на која е предвидено учество на тројца до четворица говорници. Ќе се разговара за дискриминацијата врз основа на возраста, позитивниот однос кон сопственото тело, самодовербата и притисокот за исполнување на идеалите што се промовираат преку социјалните мрежи.
„Кој одлучува што е убаво? Кој одлучува што е модерно? Постои ли вистинска возраст или телесна големина за модата?“, се дел од прашањата што ги поставуваат организаторите, со цел да поттикнат размислување за модата како средство за самоизразување, наместо за осудување.
Во вториот дел, насловен „Редизајнирани модни икони – Носи ја својата приказна“, е предвидена модна ревија посветена на одржливата мода и различностите. Преку редизајнирање, поправање, повторна употреба и креативна преработка на стара облека, организаторите сакаат да покажат дека модата може да биде индивидуална, одржлива и ослободена од наметнатите стандарди.
За учество во проектот беа повикани млади креативци заинтересирани за мода, редизајн, одржливи практики и експериментирање со облека. Повикот е наменет за млади дизајнери, модели и љубители на модата кои сакаат да ги развиваат своите идеи и да бидат дел од креативен процес.
Преку проектот, организаторите настојуваат да ја поттикнат индивидуалноста и да покажат дека постојната облека може да добие нова вредност и приказна, наместо да биде отфрлена.
„Модата не е за да се вклопиме. Модата е да покажеме кои сме“, порачуваат организаторите.
Настанот е отворен за јавноста и ќе се одржи во Музејот на современата уметност во Скопје.

















