Македонскиот народен театар го објави репертоарот за ноември и декември, со избор на претстави од актуелниот репертоар, нови сценски продукции и содржини наменети за различни генерации публика.
Ноемвриската програма ја одбележуваат претпремиерата и премиерата на новата претстава „Црно злато“, закажани за 26 и 27 ноември, со почеток во 20.00 часот. На репертоарот се и „Страв и надеж“, „Не се клади на Енглези“, „Марта Верина“, „Кец на десетка“, „Торонто експрес“, „Бели ноќи“ и „Широк дијафазон“. Програмата вклучува и повеќе изведби на „Златно славејче“, како и претставата за најмладата публика „Лефти и Рајти си најдоа дом“.
Во декември продолжуваат изведбите на „Црно злато“, заедно со претставите „Мој термин“, „Народен пратеник“, „12“, „Кец на десетка“, „Три сестри“, „Марта Верина“, „Животот е прекрасен“, „Торонто експрес“, „Бели ноќи“ и „Страв и надеж“, како и музичко-сценските содржини од програмата на МНТ.
Со разновидниот репертоар, Македонскиот народен театар продолжува да ѝ нуди на публиката можност да проследи различни театарски жанрови.
Билетите се достапни онлајн преку официјалната веб-страница на МНТ, www.m t.mk, како и на билетарницата на театарот, која работи секој работен ден од 13.00 часот.
РЕПЕРТОАР ЗА НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ2.11 • Страв и надеж • 20:005.11 • Страв и надеж • 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ9.11 • Не се клади на Енглези • 20:0010 и 11.11. Kao Какао • 20:0013.11 • Златно славејче14.11 • Златно славејче16.11 • Златно славејче17.11 • Златно славејче17.11 • Марта Верина • 20:0018.11 • Кец на десетка • 20:0019.11 • Торонто експрес • 20:0020.11 • Златно славејче20.11 • Бели ноќи • 20:0021.11 • Златно славејче26.11 • Црно злато • Претпремиера • 20:0027.11 • Црно злато • Премиера • 20:0028.11 • Лефти и Рајти си најдоа дом • 12:00 и 17:0030.11 • Широк дијафазон • 20:00
1.12 • Црно злато • 20:002.12 • Мој термин • 20:004.12 • Црно злато • 20:009.12 • Народен пратеник • 20:0011 и 12.12 • Kao Какао • 20:0016.12 • 12 • 20:0017.12 • 12 • 20:0014.12 • Страв и надеж • 20:0018.12 • Кец на десетка • 20:0019.12 • Три сестри • 20:0021.12 • Марта Верина • 20:0022.12 • Народен пратеник • 20:0023.12 • Животот е прекрасен • 20:0024.12 • Торонто експрес • 20:0025.12 • Три сестри • 20:0026.12 • Бели ноќи • 20:0029.12 • Црно злато • 20:00


















