Актерот Сергеј Трифуновиќ се огласи по победата на „Студентска листа – Студентите победуваат“ на парламентарните избори во Србија.
На социјалните мрежи тој сподели фотографија од една белградска улица и кратка порака.
На фотографијата, Трифуновиќ седи на асфалтот, среде улица. Пред него е испишана порака за победата на студентите.
Фотографијата е направена ноќе, додека граѓаните го славеа изборниот резултат на улиците во Белград.
Во друга објава, тој напиша: „Ете. Зарем тоа беше тешко?“
Трифуновиќ со години отворено ги поддржуваше протестите против владата на Александар Вучиќ, вклучително и студентските протести што започнаа по падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

















