Пејачката Северина не ги криеше емоциите откако листа предводена од студенти прогласи победа на вонредните парламентарни избори во Србија, а претседателот Александар Вучиќ го призна поразот.

На својот профил на Инстаграм, таа објави серија видеа од прославите на улиците во Србија, притоа повторно јавно изразувајќи им поддршка на студентите – став што го застапува уште од почетокот на нивните протести.

„Толку сум горда на вас, СТУДЕНТИ – до солзи!“ – напиша Северина покрај една од своите објави.

Конкретно, таа сподели натпис на кој пишува „Студентите победуваат“, но зборот „победуваат“ беше пречкртан и заменет со „победија“.

Меѓу објавите имаше и фотографија од Александар Вучиќ со наслов „Вучиќ признава пораз“, како и пораката „Добре дојде, Севе, брате!!“, која пејачката исто така ја сподели со своите следбеници.

Таа се присети и на претходни студентски собири, споделувајќи фотографија од транспарент на кој беше прикажан нејзиниот лик и натписот „Севе е со тебе“.

Веќе некое време, Северина отворено го поддржува студентското движење во Србија. За време на протестите и блокадите на факултетите, таа редовно ги споделуваше нивните пораки, а исто така им даваше поддршка и за време на своите концерти.

Текстот Северина се огласи по поразот на Вучиќ: објавите ги посвети на студентите е превземен од МАКФАКС.