Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд најавува Управата за хидрометеоролошки работи за денеска. Претпладне во одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од 6, а максималната ќе достигне до 20 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува слично време, со променлива облачност и услови за појава на слаба магла во претпладневните часови. Попладне во делови од Скопската Котлина се можни повремени врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 10 до 17 степени, а ќе дува слаб југоисточен ветер.
Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен ветер, а утре и во вторник долж Повардарието повремено ќе засилува северниот ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



















