Српски државјанин на возраст од 39 години бил лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако било утврдено дека на автопатот Гевгелија – Демир Капија управувал возило со брзина од 166 километри на час, иако на тој дел максимално дозволената брзина е 80 км/ч.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето со иницијали М.П. било приведено на 23 октомври во 16 часот, на излез од државата, при проверка на патничко возило „Баик“ со српски регистарски ознаки.

Преку системот „Безбеден град“ било евидентирано дека на 15 јули годинава, на автопатот Гевгелија – Демир Капија, возел со брзина поголема од двојно од дозволената, со што сторил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен и задржан во Полициската станица во Неготино. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

[embedded co te t]