Љубителите на рок-музиката на 7 ноември ќе имаат можност да уживаат во второто издание на „Трибјут Фест“, кое ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, со почеток во 20 часот. Публиката ја очекува вечер исполнета со енергија, гласни гитарски рифови и безвременски хитови од три светски познати бендови што оставија неизбришлива трага во музичката историја.

На сцената ќе настапат „Off They Go“, кои ќе му оддадат почит на Li ki Pa k, еден од највлијателните бендови на модерниот рок, познат по спојувањето на алтернативниот рок, металот и електронските елементи. Нивните песни одбележаа цела генерација слушатели, а настапот ќе биде можност публиката повторно да ги доживее емоциите и енергијата на хитовите што се слушаат и денес.

На фестивалската програма се и „Side Quest“, кои ќе ги изведат песните на G ee Day, бендот што остави силен белег врз панк-рок сцената со своите препознатливи мелодии, брзи ритми и текстови што често ги отсликуваат бунтот, младоста и општествените промени.

Вечерта ќе ја заокружи Ni va a Real T ibute Ba d (So of a Gu ), со музиката на Ni va a, еден од најзначајните бендови на гранџ-движењето. Со својот автентичен звук и песни што станаа симбол на една музичка ера, Ni va a остави длабока трага во рок-историјата, а нивната музика и денес продолжува да привлекува нови генерации обожаватели.

Второто издание на „Трибјут Фест“ ќе ги обедини љубителите на различни рок-правци, од алтернативниот рок и панкот до гранџот, нудејќи можност за заедничко уживање во музиката на бендовите чии песни ги надминаа временските и генерациските граници.

Концертот во МКЦ е наменет за сите што сакаат да ги слушнат омилените рок-хитови во живо, но и за оние што сакаат повторно да ја почувствуваат атмосферата на музичките движења што ја обликуваа рок-сцената во последните децении.

„Трибјут Фест 2“ ќе се одржи на 7 ноември, со почеток во 20 часот, во МКЦ Скопје. Билетите се достапни преку tix.mk.