Кривична пријава е поднесена против двајца вработени во Итната медицинска помош во Тетово, осомничени дека не испратиле екипа за да му укаже медицинска помош на повредено лице во селото Доброште.
Како што информираат од МВР, СВР Тетово поднело кривична пријава против И.В. (35) и И.М. (51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „неукажување медицинска помош“.
Според полицијата, на 29 јуни 2026 година, првопријавената примила телефонски повик во Итната медицинска помош, но не испратила екипа за интервенција кај повреденото лице во селото Доброште.
За случајот го известила и второпријавениот, кој бил раководител во службата.

















