Според УХМР времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека на планините од снег. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па околу пладне снег ќе врне и на повисоките места, а во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во западните и северните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот.
Инаку, на Попова Шапка се формира нова снежна покривка која изнесува 14 сантиметри.
Според УХМР во Скопје времето ќе облачно со повремени врнежи од дожд. До крајот на денот и во делови од Скопската Котлина врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, а од пладне засилен ветер од северозападен правец.
Видео од Попова Шапка на следниот ЛИНК.