Вчера во 23:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа 35-годишниот Б.М. од село Бузалково, велешко.

Тој бил барна по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување на казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.