Ирска е прогласена за најпријателска европска земја во 2026 година, според читателите на реномираното туристичко списание „Co dé Nast T avelle “.
Рангирањето е составено врз основа на 300.000 гласови дадени од читателите во рамките на годишните награди „Reade s’ Choice Awa ds 2026“ („Избор на читателите“), кои ги истакнуваат омилените дестинации и туристички искуства на патниците.
Според резултатите од гласањето, најпријателска европска земја во 2026 година е Ирска, веднаш зад неа е Португалија. Италија го зазеде третото место, Грција четвртото, а Шпанија петтото.
Турција се најде на шестото место, по неа е Естонија на седмото, додека осмото место ѝ припадна на Словенија. Хрватска го зазеде деветтото место, а Австрија ја заокружува листата на десетте најпријателски настроени европски земји.
Наградите „Reade s’ Choice Awa ds“ се годишни признанија што ги доделува списанието „Co dé Nast T avelle “, при што читателите гласаат за своите омилени дестинации и патувачки искуства. За разлика од рангирањата засновани на статистички показатели, овој избор ги одразува впечатоците и личните искуства на патниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


















