СВР Куманово поднесе кривична пријава против 23-годишната А.С.Д. и 35-годишната М.В., двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, како и против М.П.(34), С.М.(27), Н.Н.(34), Д.М.(48) и С.О.(36) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Првопријавената, во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите, тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената.
Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 12.221.500 денари.




















