​Редовна есенска дератизација се спроведува на територијата на општина Кисела Вода. Активностите ги изведува специјализираната фирма „Токсивет“ и со нив ќе бидат опфатени преку 2000 шахти, извести Општината.

Процесот на дератизација ќе ги опфати сите месни и урбани заедници, со цел превенција, системско уништување на штетните глодари и заштита на здравјето на жителите.

Согласно програмата на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина, Општина Кисела Вода спроведува редовна дератизација два пати годишно, во пролет и во есен.

На овој начин се обезбедува сеопфатна заштита и се превенира појавата на заразни болести, што е од примарно значење за сигурноста на нашите сограѓани, соопшти Општина Кисела Вода.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.