Последните статистики на синдикатот покажуваат дека секој трет работник во Македонија живее со плата под прагот на сиромаштија. Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. Значи 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата, изјави Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

[embedded co te t]

Таа додаде дека потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари, а со стан оди и над 90 илјади денари.

„Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа. Ова реалност и одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат, а да бидат сиромашни. Бајките на Мицкоски за трета економија во Европа постојат само во неговите изјави, а не во реалноста“, рече Цветаноски.

Додаде дека тоа го потврдила и Светска банка со заклучок дека македонскиот стандард е на третина од европскиот.

„Ако минималната плата беше 600 евра, како што предложи СДСМ, работниците немаше да бидат оставени да живеат со приходи под овој праг на сиромаштија. Но, арамијата Мицкоски и неговата влада го одбија предлогот. Одбија да им помогнат на работниците, одбија да им биде вреднуван трудот. Имаат 5.5 милиони евра за една вечер за диџеј, имаат за тендери и провизии, немаат пари за работниците. Буџетската дупка е 900 милиони евра, за пензиите дупката е околу една милијарда евра. За само две години, Мицкоски го зголеми државниот долг за околу 4 милијарди евра, речиси половина од задолжувањата акумулирани во претходните 35 години. Годишните трошоци за камати заради долговите пораснаа на 350 милиони евра“, изјави Цветаноски.