Модната ревија на „Victo ia’s Sec et“ врати една легендарна убавица. Таа повторно ги рашири своите ангелски крилја по пауза од 16 години, оставајќи ги сите без зборови.
osie hu ti gto -whiteley back to the victo ia’s sec et fashio show afte 16 YEARS! https://t.co/ZwiiR5bJdB
— 2000s (@PopCultu e2000s) Octobe 19, 2026
Ревијата на „Victo ia’s Sec et“ беше вистински моден спектакл. Покрај познатите лица, на пистата се вратија и манекенки кои одамна престанаа да чекорат по неа.
Една таква убавица – по пауза од 16 години – повторно ги рашири своите ангелски крилја, воодушевувајќи ги сите присутни со својата појава.
Станува збор за манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли, која последен пат носеше креации за познатиот бренд за долна облека во 2010 година. Таа сега се врати во голем стил, внесувајќи свежа енергија.
Благо кажано, Роузи блесна на сцената, по своето 16-годишно отсуство. Нејзиниот сензуален од и заводлив поглед делуваа сосема природно и спонтано – нешто што љубителите на ревијата веднаш го забележаа.
За своето големо враќање, таа се одлучи за целосно бела комбинација: чипкаст градник и гаќички, надополнети со бели жартиери и чорапи со мрежест дезен.
Изгледот го заокружи со раскошни ангелски крилја и високи потпетици. Целиот стајлинг беше дополнет со шминка во нежни, природни тонови и фризура со благи бранови кои паѓаа преку нејзините гради.



















