Снимка од американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија од настан во Белата куќа стана вирална на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни коментари и потсмевања за нивниот меѓусебен однос.

На снимката се гледа како Трамп, додека седи покрај сопругата, ѝ подава рака, а откако таа му ја пружа својата, кратко ја потчукнува. Внимание привлече и моментот кога претседателот се обидува да ја бакне Меланија, при што изгледа како таа благо да ја поместува главата.

agai — eve y si gle mome t T ump is out i public these days is a SNL cold ope come to life https://t.co/QATB2zEDe8

— Aa o Rupa (@at upa ) Octobe 19, 2026

Корисниците на социјалните мрежи различно го протолкуваа нивното однесување.

„Тоа потчукнување по раката е навистина непријатно“, напиша еден корисник на Икс, додека друг коментираше: „Тие не можат да се поднесат“. Сепак, имаше и такви што не забележаа ништо необично. „Така сопруг и сопруга си покажуваат наклонетост“, напиша еден корисник.

Трамп и Меланија присуствуваа на настан во Белата куќа на кој американскиот претседател потпиша извршна уредба за започнување нова иницијатива за унапредување на здравјето на жените. Иницијативата предвидува подобрување на медицинските истражувања, развој на нови методи на лекување и поголема достапност на здравствената заштита.