Младата македонска музичка кантавторка и пејачка Марија Спасовска ја објави својата нова песна „100 промили“. Вообичаено, песната е проследена и со официјален видеоспот, кој веднаш по премиерата е достапен на нејзиниот канал на YouTube, како и на сите дигитални музички платформи.
Инаку „Сто промили“ е уште едно музичко парче од новитиот сет песни кои се најдоа на нејзиниот дебитантски албум „Седатив“, кој излеза пред почетокот на летото.
Зад музиката и текстот и овој пат стои самата Марија, додека аранжманот, миксот и продукцијата ги потпишува еминентното авторско-продуцентско име, нејзиниот стар соработник Дарко Димитров, со кого Марија соработуваше и во создавањето на новата музичка приказна.
Видеото е во продукција на „A tistic Film“, додека фотографиите од снимањето ги потпишува Стефан Јакимовски. Во реализацијата на видеоспотот учествуваат и танчерки кои ја придружуваат пејачката за чија кореографија се задолжени „Eat The Beat Da ce“.
Инаку, музички „100 промили“ е уште една тема во стилот кој пејачката го негува. Модерна ар ен би – поп песна во слоу денс ритам, со емотивно-заводлив вокал и интерпретација која буди возбуда, на која совршено се надоврзуваат стиховите во кои ќе се препознае секоја млада вљубена девојка на која ќе и се случи „љубов на прв поглед“ кога најмалку очекува и ќе ја опие како алкохол во крвта… Од „100 промили“!
И кога на тоа ќе му се додадат заводливиот изглед и танцот на младата ѕвезда заедно со нејзината придружна група млади, убави и згодни танчарки, како и одлично изведената актерска игра која совршено кореспондира со стиховите и прикаската во песната, „100 промили“ ветува дека ќе биде тригер песна што уште повисоко ќе ја катапултира Марија меѓу естрадната ѕвездена елита.
Со неа таа и понатаму продолжува да ја гради својата специфичен музичка приказна темелена на албумот „Седатив“, овојпат со песна чиј наслов привлекува внимание како и видеоспотот што ја надополнува нејзината зацртана патека.
Песната е достапна на дигиталните платформи, а официјалниот видеоспот можете да го погледнете и во продолжение.

















