Ако оваа сезона планирате да купите јакна или капут, обрнете внимание на овие детали – тие се одлика на модерниот стил и добриот вкус.

Првите студени денови ја носат добро познатата модна дилема: што да облечете за да ви биде топло и удобно, а притоа да не ја нарушите префинетата естетика?

Модните трендови за есента 2026 година се фокусираат на јакни и капути што спојуваат впечатливи, безвременски кроеви со суптилни, неочекувани детали.

Волнен капут со заоблени ракавиКласичниот волнен капут е темелот на есенскиот гардеробер, без кој е невозможно да се замислат постудените денови. Оваа сезона, во тренд ќе бидат темните бои, впечатливото дворедно закопчување, како и специфичните, заоблени ракави – кои по својата силуета потсетуваат на популарниот крој на панталони во форма на буре. Џебовите во контрастна боја можат да додадат уникатен, модерен печат.

Кратка ватирана јакнаЈакната полнета со пердуви е неопходна за ниските температури, но често претставува вистински предизвик за љубителите на префинетиот стил. Оваа сезона, одберете кратки и чисти силуети; доколку се одлучите за модел што го нема оној препознатлив, пренагласен спортски дух, лесно ќе можете да го комбинирате со впечатливи деловни парчиња.

Волнена јакна со крој „ove size“ и висока јакаВисоката јака е детал број еден, кој на секоја јакна или капут ѝ дава суптилна, аристократска нота. Овој тип на јака ќе го гледаме и кај капутите, а модните експерти им го препорачуваат на сите љубители на минимализмот и „тивкиот луксуз“.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.