Не може да се набави софтвер, а допрва да се набавува хардвер и допрва софтверот да се стави во употреба, вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, кој со години ги мониторира јавните набавки во земјава, пишува 360 степени.
„Ќе ве замолам, без тенденциозни наметнувања, затоа што не е коректно да кажете дека во период кога било се компетитивно, кога имало три компании, дека се поврзуваат со мене. Според мене, тоа е само наведување за нешто што апсолутно не е така во реалноста“, вели Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата и актуелен секретар во кабинетот на премиерот
Ретко кој ги забележува, но ги има речиси на секој семафор во Скопје. Безбедносните камери пред речиси 10 години беа поставени за надзор на јавниот простор, но и со план автоматски да казнуваат за сообраќајни прекршоци.

Тогашната влада на Никола Груевски најавуваше дека камерите ќе го сликаат секој прекршок заедно со регистарската табличка, а казната ќе стигнува на домашна адреса на сопственикот на возилото, заедно со фотографија од прекршокот.

По долгогодишно затишје, лани, претходната влада на Зоран Заев купила софтвер што ќе овозможи автоматско казнување.

Ама изминаа повеќе од осум месеци од датумот кога софтверот требало да биде испорачан, а камерите не изрекуваат казни. Потрагата по одговорот зошто, отвора дополнителни дилеми.

Софтверот не го купил надлежниот ресор МВР, туку Генералниот секретаријат на Владата – тогаш предводен од Драги Рашковски.

Целата сторија прочитајте ја на 360 степени.