Холивудската актерка Скарлет Јохансон го привлече вниманието на Лондонскиот филмски фестивал, каде што во еден ден се појави во две впечатливи црвени креации од престижни модни куќи.

На премиерата на својот криминалистички трилер „Pape Tige “, на 10 октомври, Јохансон блесна во црвен фустан изработен по мерка од модната куќа „Прада“, пишува „I Style“.

Долгиот, лелеав фустан имаше тенки прерамки, набран горен дел и отворен грб, кој ги откриваше тетоважите на актерката. Нејзината стилистка Кејт Јанг го надополнила изгледот со златни чевли со платформа.

Посебно внимание привлече скапиот накит. Јохансон носеше винтиџ ѓердан со дијамант од 18,34 карати и прстен со овален дијамант од 20,18 карати, двата од брендот „Ba o Lo do “.

Кратката руса коса ја обликувала во брановидна боб-фризура инспирирана од стариот Холивуд.

Претходно истиот ден, актерката се појавила на настан посветен на филмот „Ray Gu “, повторно во црвено, но овојпат во фустан без прерамки од колекцијата „Reso t 2027“ на „Ермес“.

Фустанот со набран горен дел и широко миди-здолниште повторно ги откривал тетоважите на нејзиниот грб, меѓу кои и тетоважата на јагне посветена на нејзината 12-годишна ќерка Роуз Доријак. Изгледот го надополнила со златен ѓердан и црвени сандали со високи потпетици.

Текстот Скарлет Јохансон блесна во црвено, дијамантите и отворениот грб го привлекоа вниманието е превземен од МАКФАКС.