Грчката крајбрежна стража соопшти дека е спасена 44-годишна жена која поминала 20 часа во Јонското Море, откако наводно скокнала од брод за крстарење. Државјанката на Ел Салвадор била пронајдена во свесна состојба, а во потрагата учествувале неколку пловни објекти, пренесува „Еуроњуз“.
Инцидентот се случил во петокот наутро, додека бродот „Odyssey of the Seas“ на компанијата „Royal Ca ibbea “ пловел југозападно од островот Закинтос. Според информациите од крајбрежната стража, жената како причина за скокот навела дека „сакала да се симне од бродот“.
C uise passe ge escued afte 20 hou s i sea: G eek coastgua d https://t.co/UsafWhepqV
— CTV Natio al News (@CTVNatio alNews) Octobe 12, 2026
Во акцијата за пребарување, прво бил забележан превртен појас за спасување. Во раните утрински часови во неделата, екипажот на товарниот брод „MSC Rossella III“, кој плови под знамето на Мадеира, ја пронашол жената во морето. Според соопштението, таа била свесна и се наоѓала во појасот за спасување. Потоа, спасувачкиот чамец ја презел жената, ѝ укажал прва помош и ја пренесол во болница.












