Скарлет Јохансон се појави на црвениот тепих и ги воодушеви сите присутни со својот моден избор. Таа носеше комбинација што многу кажува за неа…
Актерката Скарлет Јохансон неодамна присуствуваше на премиерата на анимираниот филм Ray Gu на Филмскиот фестивал во Лондон.
За таа пригода, таа избра впечатлива комбинација што ја спојува класичната елеганција со модерниот гламур, истакнувајќи го нејзиниот препознатлив моден вкус.
Таа се одлучи за структуриран црвен фустан без прерамки, кој ја истакна нејзината витка фигура. Особено интересен детал беа џебовите, кои внесоа лежерна нота во класичниот, прав крој на фустанот, создавајќи изглед што пркоси на строгите правила за стилизирање.
Со овој избор, Скарлет откри многу за себе: таа е жена со стил и вкус која знае дека, иако класичната елеганција е секогаш вистинскиот избор, таа добива на вредност кога е надополнета со поопуштени модни детали.
Изгледот го заокружи со црвени чевли со високи потпетици и златно ѓерданче. Ја стилизираше косата во благи бранови и се одлучи за шминка во неутрални нијанси, кои ја истакнаа нејзината природна убавина.












