Инес де Рамон, девојката на Бред Пит, повторно ги освои симпатиите од светот. Таа зачекори на црвениот тепих во волшебна, речиси етерична комбинација, внесувајќи нота на романтика во целиот настан.

Романсата меѓу Бред Пит и неговата девојка, Инес де Рамон, цвета. Тие се појавуваат заедно на големи настани и не е тајна дека славниот актер конечно ја пронашол среќата покрај неа.

B ad Pitt, 62, a d his glamo ous gi lf ie d I es De Ramo , 33, make a a e public appea a ce as he suppo ts his pal Geo ge Cloo ey at The Albies https://t.co/71gEk QoUh

— Daily Mail (@DailyMail) Octobe 9, 2026

Во Лондон се одржа церемонијата на доделување на наградите „Albies“, на која присуствуваше и парот. Тие ги воодушевија сите присутни со своите модни избори – особено прекрасната Инес, која зрачеше со чиста романтика.

Таа избра нежен фустан од зелена тантела што ја истакнуваше нејзината витка фигура. Фустанот имаше крој што ги откриваше рамената, додавајќи женствена нота на целокупниот изглед.

Вреди да се напомене и дека долниот дел од фустанот беше проѕирен, што на комбинацијата ѝ даде доза на сексапил. Својот изглед го заокружи со брановидна коса и впечатлива шминка што ја истакнуваше нејзината природна убавина.

Што се однесува до Бред, тој се одлучи за црн смокинг во комбинација со пеперутка-вратоврска. Како вистински џентлмен, тој сакаше погледите на јавноста да бидат насочени кон неговата сакана.

Текстот (Фото/Видео) Девојката на Бред Пит е вистинска магија – се гледа дека тој „цвета“ покрај неа е превземен од МАКФАКС.