Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 62-годишниот Б.И. Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, како директор на ЈП „Национални шуми“ – подружница Шумско стопанство „Шумарство“ – Свети Николе, од јули до ноември 2023 година склучил три договори за купопродажба на дрвни сортименти без претходно спроведена постапка, без однапред утврдени критериуми и без обезбедување на транспарентен и конкурентен избор на правно лице, со што му овозможил на правно лице од велешко да се стекне со противправна имотна корист од 3.422.592 денари.

Текстот Кривична против ексдиректор на Шумско стопанство – Свети Николе: склучувал договори без спроведена постапка и утврдени критериуми е превземен од МАКФАКС.