Седумдесет и четиригодишна жена пријавила дека била физички нападната од својот син во домот на подрачјето на скопската општина Аеродром.
Според пријавата, нападот се случил на 7 октомври, а жената го пријавила во СВР Скопје на 9 октомври во 15 часот. Како напаѓач го посочила својот син Р.М.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.












