Вчера во 15:10 часот во село Теово, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка и Отсекот за економски криминал при СВР Велес ги лишија од слобода 53-годишниот Б.Н. од село Лисиче, општина Чашка, 33-годишниот С.К. од село Горно Врановци, општина Чашка и 57-годишната Б.К. од Велес.

При контрола на терен, кај место викано „Присој“, атар на село Теово, било затекнато товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, од кои дел биле без жиг, а дел со жиг. Б.Н. и С.К. не поседувале соодветна документација, а дрвата кои биле со жиг биле обележани со службен „чекан“ кој им го дала Б.К., вработена во ЈП „Национални Шуми“, подружница „Бабуна“ Велес.

Известен бил јавен обвинител, дрвата и останати предмети биле одземени и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Текстот Пронајдено огревно дрво без документација во велешко: тројца уапсени е превземен од МАКФАКС.