Координаторот на СДСМ во третата изборна единица, Ацо Велковски, поставува прашање дали богатството од рудниците треба да го делат политичарите и концесионерите или дел од него треба да добива и македонскиот граѓанин.
Велковски наведува дека под земјата има бакар, злато, сребро, олово, цинк, никел, рубин и други минерални богатства, а прашува колку од вистинската вредност на тоа богатство се враќа кај народот.
Тој предлага државните рудници да се управуваат од државата, без концесии, а дел од добивката да оди во Фонд за јавна дивиденда.
Според Велковски, на тој начин секој граѓанин би бил директен корисник на националното богатство, а не само набљудувач.
„Ќе бараме јавна дивиденда за секој граѓанин!“, наведува Велковски.
Тој додава дека дел од приходите и добивката од природните ресурси мора да се враќа директно кај народот, а не во партиски каси, политички шеми или само кај концесионерите.
„Туку кај граѓаните“, наведува Велковски.
Според него, со правилно управување на рудниците во државна сопственост, можно е граѓаните да добиваат илјадници евра годишно од сопственото национално богатство.
„Време е македонскиот граѓанин да добива директен дел од богатството на Македонија“, стои во реакцијата на Велковски.























