Октомври во Македонскиот народен театар носи разновидна програма исполнета со театарски наслови, гостувања и нови сценски и музички содржини.

Покрај претставите од редовната репертоарска програма, публиката ќе има можност да ја погледне и најновата продукција на МНТ – „Три сестри“ како и да проследи претстава од странство.

Посебно место во октомвриската програма има и „Од другата страна“ на Поетроника – едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на дуото. На 7 октомври од 19.00 часот, на реновираната тераса на МНТ, театарот ги поканува граѓаните да ја доживеат Поетроника во нов амбиент. Влезот е бесплатен.

РЕПЕРТОАР – ОКТОМВРИ
5.10 | „ТРИ СЕСТРИ“
7.10 | ПОЕТРОНИКА – „ОД ДРУГАТА СТРАНА“ – 19:00 ч.
8.10 | „КЕЦ НА ДЕСЕТКА“
9.10 | „СТРАВ И НАДЕЖ“
13.10 | „ДОМА“ – ФДУ
19.10 | „КАО КАКАО“
21.10 | „ТРИ СЕСТРИ“
28.10 | „ДОСИЕ ПЕПЕРУТКА“ – гостување од Анкара
29.10 | „ТОРОНТО ЕКСПРЕС“

Сите театарски претстави започнуваат во 20.00 часот, освен настанот на Поетроника, кој започнува во 19.00 часот.

Текстот Октомври во МНТ – театар, гостувања и музика е превземен од МАКФАКС.