Со доаѓањето на постудените денови, мачките често спијат повеќе од вообичаено, што најчесто не е причина за загриженост.
Возрасните мачки обично спијат или дремат околу 12 до 16 часа дневно, а мачињата и постарите мачки и повеќе. Кога времето е студено и непријатно, тие се помалку активни и повеќе време поминуваат во затворен простор, па природно и почесто одмораат.
Мачките сакаат топлина, па во зима почесто се сместуваат покрај радијатор, под ќебе, на сончево место или покрај сопственикот. Спиењето им помага и да ја зачуваат енергијата.
Причина за загриженост има ако зголемената поспаност е нагла и е проследена со губење на апетит, повраќање, дијареја, отежнато дишење, проблеми со движењето, криење или невообичаена незаинтересираност за околината. Во таков случај се препорачува консултација со ветеринар.
Ако мачката нормално јаде, пие, се движи и реагира како и обично, нешто подолгото спиење во студените денови најчесто е само дел од нејзината сезонска рутина.
Текстот Зошто мачките спијат повеќе кога ќе залади е превземен од МАКФАКС.























