Џесика Алба се појави на забава кај Парис Хилтон во комбинација инспирирана од модата на раните 2000-ти, истакнувајќи ги своите затегнати стомачни мускули. За таа пригода, 45-годишната актерка позајми облека од гардероберот на својата 15-годишна ќерка.
Таа носеше беж-маица без ракави со сиви ѕвезди и кафеаво мини-здолниште со низок струк. Изгледот го надополни со неколку ѓердани, масивна златна алка, обетки и кафеави чизми до колена.
„Хевен рече: ‘Чекај малку…’ Кога твојата 15-годишна ќерка ќе го пребара својот плакар за да состави комбинација за забава во стилот на раните 2000-ти (Y2K)… Ти благодарам, Хевен“, напиша Алба на Instagram, откривајќи дека нејзината ќерка ја променила комбинацијата што таа првично планирала да ја носи.
Објавата предизвика бројни коментари од нејзините следбеници, кои го пофалија нејзиниот изглед. „Леле, таа изгледа речиси исто како пред 20 години – вистинска легенда на ерата Y2K“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Како тоа воопшто не старее???!!!“
„Четириесеттите години никогаш не изгледале толку добро“, гласеше еден коментар, додека друг следбеник забележа: „Како да старееш наназад“. Нејзината најстара ќерка, Онор, се пошегува за потеклото на комбинацијата: „Заслуги за облеката: гардероберот на Хејвен“.
Текстот Џесика Алба (45) позираше во облеката на својата ќерка е превземен од МАКФАКС.























