Европа мора подобро да се подготви за заштита на здравствената инфраструктура од разни закани, вклучувајќи војна и кибер напади, земјотреси и топлотни бранови, оценија учесниците на Европскиот здравствен форум во Гаштајн.
Претседателот на Комитетот на началниците на воено-медицинските служби на НАТО, Петер Иверсен, изјави дека здравствената инфраструктура мора да се заштити со распоредување капацитети на поширока географска област и со криење објекти, особено имајќи предвид дека здравствените установи во Украина продолжуваат да бидат цел на напади, објави денес бриселски „Политико“.
„Можете да го проширите капацитетот на поширока област, да користите поголема географска област и да ги скриете објектите“, рече Иверсен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.























