Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утре (петок), во 12:00 часот ќе пристигне и ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата, во 12:10 часот е предвидена тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Потоа според најавите од владиниот кабинет, следува работен ручек на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со премиерот Мицкоски и членови од владиниот кабинет.

Во 13:45 часот предвидено е да се одржи заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Поради нејзиното доаѓање, во главниот град е воведен посебен сообраќаен режим.

„Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, информираат од МВР.

Текстот Фон дер Лајен утре во Скопје: тет-а-тет средба и работен ручек со Мицкоски е превземен од МАКФАКС.