
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ги објави добитниците на највисокото државно признание за животно дело за 2026 година.
Во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на писателот проф. д-р Венко Андоновски.
Во областа на науката и образованието, добитници се проф. д-р Димитар Пандев, лингвист, проф. д-р Ѓулумсер Касапи, универзитетски професор, и проф. д-р Владо Поповски, доктор по историски, политички и правни науки.
Одлуката ја донел Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на својата последна седница, согласно Законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 11 октомври 2026 година во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.
Текстот Познати добитниците на државната награда „11 Октомври“ за 2026 година е превземен од МАКФАКС.























