Антонио Бандерас предизвика големо внимание кога се појави на црвениот тепих со својата ќерка Стела, која ја има од бракот со Мелани Грифит.
Познатиот Антонио Бандерас (66) се појави покрај својата ќерка Стела (30) на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, по повод светската премиера на „Up Against It“ – нова комедија-драма во режија на Труди Стајлер. Иако филмот привлече бројни холивудски ѕвезди во Торонто, токму тандемот татко-ќерка беше во центарот на вниманието.
Стела изгледаше елегантно и софистицирано во припиен црн миди-фустан со асиметричен изрез и драпирани детали, додека позираше покрај својот татко.
„Up Against It“ го означува враќањето на Бандерас на филмското платно, откако во последните години главно беше посветен на театарот и на продуцентската работа.
Ова појавување во Торонто се случи речиси една година откако Стела се омажи за Алекс Грушински на романтична церемонија во опатијата „Абадија Ретуерта“ во Ваљадолид, Шпанија.
„Се познаваат уште од четиригодишна возраст. На крајот на краиштата, станува збор за многу долга врска – врска што трае 25 години“, изјави тогаш актерот.
Текстот (Фото/Видео) Таткото и ќерката заедно на црвениот тепих: Антонио Бандерас ја претстави својата наследничка е превземен од МАКФАКС.























