„Поминаа 11 недели од труењето во Гостивар. Поминаа недели откако беше објавено дека во 50 населени места ширум Македонија водата не е исправна за пиење. 11 недели нема извештај, нема одговори, нема одговорност. Нема одговор кој ги загади реките Лепенец и Вардар“, велат од СДСМ.

„Криминалната власт на Мицкоски не може чиста вода да обезбеди за граѓаните а турка пет нови рудници, антимон, дата – центри.

Пет нови рудници во Нацрт просторниот план.

Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица, Луке, планирани геолошки ископи и на планината Кожув.
Меѓу нив и рудник за антимон, метал за воена индустрија. Од јаловината влегува во почвата, во бунарите, во растенијата. Во близина на стари рудници во светот почвата и водата со години остануваат отровни. Се врзуваат често и со арсен. Штетно за белите дробови, црниот дроб, кожата, срцето.

И дата-центрите им се веќе договорени, компанија објави дека добила пристап до 100Mw струја и до реката Вардар.

Под радарот и далеку од очите на граѓаните арамијата Мицкоски ги става во ризик водата и земјата на штета на здравјето на луѓето.

Приоритетите на Мицкоски се бизнис интересите, провизиите, профитите. Бараме стопирање на просторниот план. СДСМ ќе се спротивстави на оваа криминална распродажба на штета на народот. Македонија не е на продажба!“, соопшти СДСМ.

Текстот „11 недели нема извештај за водата во Гостивар и во 50 други места а туркаат 5 рудници, антимон и дата-центри“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.