Функционерите на Европската унија ѝ кажаа на Украина дека очекуваат напредок во донесувањето закони насочени кон ограничување на сивата економија, зголемување на даночните приходи и усогласување со законодавството на ЕУ пред да одобрат дополнителна буџетска помош за Киев, објави „Блумберг“.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, а извор запознаен со разговорите го опиша состанокот како „тензичен“, пренесува медиумот.
Украина побара помош од своите сојузници за покривање на неочекуван буџетски дефицит од околу 26 милијарди евра и ја повика ЕУ да го забрза исплаќањето на заем од 90 милијарди евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.























