Хејли Бибер во последно време похрабро експериментира со својот изглед и ги поместува границите во светот на модата, етаблирајќи се како значајна инфлуенсерка – не само за модните трендови, туку уште повеќе и за трендовите во убавината.
Нејзините избори – било да се работи за мода или убавина – редовно се прикажуваат на социјалните мрежи и често ги инспирираат жените ширум светот што ја следат. Нејзиниот најнов потег го најавува доаѓањето на есента: таа ја промени бојата на косата и претстави нов есенски тренд во фризурите.
Иако ретко прави драстични промени на косата, претпочитајќи суптилни нијансирања, овој конкретен потег означува враќање кон изгледот што последен пат го носеше во 2015 година: длабока, темнокафеава нијанса.
Новата сезона очигледно ја инспирираше да ја испроба оваа богата, длабока кафеава боја која совршено одговара на годишното време. Таа го надополни изгледот со шминка што беше малку поинтензивна од онаа што ја носеше во претходните месеци, кога сончевото време бараше поприродна естетика.
Новиот изглед на Хејли Бибер на социјалните мрежи го откри нејзината фризерка, Иринел де Леон, додека за бојата на косата беше задолжен познатиот колорист Мет Рез.
Иринел се одлучи за слоевито шишање кое одлично ѝ прилега на темната боја на косата и го ублажува нејзиниот драматичен ефект; оваа специфична нијанса на кафеава боја е идеална за есента, нудејќи совршен премин од светлите, топли тонови „бакнати од сонцето“ што ги носевме ова лето.
На дневна светлина, таа влече кон чоколадни тонови, додека во темна просторија може да изгледа како црна. Токму затоа изгледа софистицирано, а комбинацијата од слоевити фризури и вакви нијанси е токму она за што би можеле да се одлучите доколку сакате промена во претстојниот период.
Текстот (Фото) Најголемата промена во последните 10 години: Заборавете ја оваа верзија на Хејли Бибер е превземен од МАКФАКС.























