Министерот за здравство Венко Филипче попладнево ја образложи одлуката на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час од 22 часот до 05 часот следниот ден. Барањето е полицискиот час да почне од среда, а да трае две недели. Владата ќе одлучува на утрешната седница.

-Евидентно беше во последните неколку недели зголемување на случаите. Ударот не е таков каков што беше на почетокот на ноември, но без разлика, сакаме да бидеме подготвени. Се покажа дека има собири после 22 часот, угостителски објекти кои не почитуваат мерки, собири на јавни места и затоа е оваа мерка. Сакаме да го ублажиме притисокот кон болниците во моментов, и затоа се овие мерки, рече Филипче.