Манекенката Ева Херцигова ги воодушеви сите присутни со својот избор на облека на неодамнешниот гала-настан. Таа навистина останува една од најубавите топ-модели од 90-тите години.

Гала-вечерата на Фондацијата „Принц Алберт Втори од Монако“ собра бројни ѕвезди, а чешката манекенка Ева Херцигова – која неодамна стапи во брак по 25-годишна врска – блесна на настанот. Класичната елеганција со допир на сексапил се чинеше дека е водечкиот принцип на нејзината модна комбинација.

Таа се одлучи за црн макси-фустан што ја следеше линијата на телото и ја истакнуваше нејзината манекенска фигура. Меѓу впечатливите детали на изгледот се издвојуваа високиот шлиц и длабокото деколте, кои секако го привлекоа вниманието.

Својот изглед го заокружи со шминка во неутрални тонови и едноставна фризура, избирајќи бранови во стилот на стариот Холивуд кои ги истакнаа убавите црти на нејзиното лице. Што се однесува до модните додатоци, таа носеше минималистички дијамантски ѓердан во комбинација со впечатливи обетки.

На настанот ја придружуваше нејзиниот сопруг, бизнисменот Грегорио Марсиај, кој совршено се вклопи во гламурот на црвениот тепих.

Текстот (Фото/Видео) Убавица од 90-тите повторно блеска: Мажите некогаш лудуваа по неа, а ништо не се променило ниту денес е превземен од МАКФАКС.