Полицаец е ранет во пукање пред синагога во Белвил, во канадската покраина Онтарио, во момент кога припадници на еврејската заедница се собирале за одбележување на Јом Кипур.

Полицијата соопшти дека околу 19:10 часот полицаец наишол на лице во близина на синагогата, по што и двајцата биле повредени и пренесени во болница. Засега не се објавени детали за околностите на пукањето, ниту за нивната здравствена состојба.

Полицијата соопшти дека нема натамошна опасност за јавноста.

Премиерот на Онтарио, Даг Форд, потврди дека инцидентот се случил додека верниците се собирале во синагогата „Сонс оф Џејкоб“. По пукањето, полицијата најави засилени патроли кај местата за молитва.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.