Унгарскиот премиер Петер Маѓар бил полиен со вино за време на Деновите на бербата во градот Сексард, на југот на Унгарија. Снимката од инцидентот ја објави и самиот Маѓар.
Маѓар застанал на прославата на враќање од Печуј, на покана на локалните жители. Додека разговарал и се фотографирал со присутните, маж од неколку метри кон него ја истурил содржината од чашата со вино. Обезбедувањето веднаш реагирало и го отстранило мажот.
Маѓар потоа иронично го коментираше инцидентот на социјалните мрежи, нарекувајќи го човекот „пропаднат војник на Орбан“ и додавајќи дека „штета е за убавото вино“.
Тој се осврна и на неодамнешно гостување на телевизијата HírTV, каде што, според неговите зборови, еден од учесниците зборувал за негово „врзување за ограда“, додека друг претходно изјавил дека сака да го „елиминира со снајпер“. Водителката на емисијата подоцна добила отказ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.























