Украина во моментов тестира ново оружје развиено за пресретнување беспилотни летала, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека тестовите досега се успешно спроведени, објави британската агенција Ројтерс.
„Ново оружје во моментов се тестира. Развиено е од Украина и беше успешно: Шахед (дронот) беше уништен“, им рече Зеленски на новинарите.
Тој додаде дека некои работи сè уште треба технички да се разработат и дека е потребно уште малку време.
Украинската армија објави дека Русија лансирала 80 беспилотни летала во текот на претходната ноќ и успеала да пресретне 63.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.























