Пенелопе Круз е вистинска инспирација кога станува збор за елегантна мода, а нејзиното најново појавување ги освои дури и најстрогите критичари.
Убавата актерка Пенелопе Круз беше една од ѕвездите на вечерта на гала-настанот „TIFF Tribute Awards“, одржан во хотелот „Fairmont Royal York“ во Торонто, во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто. Само неколку дена откако блесна покрај својот сопруг, Хавиер Бардем, во Венеција, Пенелопе постигна уште еден моден успех.
За оваа посебна пригода, Круз избра елегантен црн фустан со длабоко деколте, надополнувајќи го изгледот со раскошно дијамантско ѓерданче и фризура со шишки.
Нејзината комбинација привлече големо внимание кај присутните и уште еднаш го потврди нејзиниот статус на една од најдобро облечените жени во светската филмска индустрија.
Така, нејзиното појавување во Торонто ги спои квалитетите по кои е позната Пенелопе Круз – филмски гламур и беспрекорен стил – со порака што ги надминува границите на светот на филмот.
Примајќи ја наградата за својата работа, актерката исто така истакна како јавното внимание и платформата што ја имаат славните личности можат да се искористат за да се укаже на прашања што се однесуваат на целото човештво.
Текстот (Фото/Видео) Овојпат без сопругот: повторно привлече внимание со длабокото деколте е превземен од МАКФАКС.























